Меркел: Имаме надежи во преговорите со Британија, но се подготвуваме и за тврд брегзит

© REUTERS / Christian Mang

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во средата во нејзиното обраќање пред германскиот парламент, дека договорот околу излегувањето на Велика Британија од Европската унија сѐ уште е можен, но и дека Германија се подготвува и за опцијата на „тврд брегзит“ доколку не биде постигнат договор.

„Позначителен успех во преговорите ниту по многу месеци разговори сѐ уште не ни појде од рака“… Меѓутоа, шансите за решение коешто е убедливо за двете страни сѐ уште постојат“, изјави канцеларката Ангела Меркел во обраќањето во германскиот Бундестаг неколку часа пред самитот на Европската унија во Брисел на кој треба да се решава за модалитетите на истапувањето на Велика Британија од ЕУ.

Во говорот Меркел објасни дека имало одреден напредок, но дека главното прашање, она за идниот третман меѓу Северна Ирска, којашто е регион во Обединетото Кралство, и Република Ирска, којашто е членка на ЕУ, сѐ уште не е решено и затоа постои можност преговорите да пропаднат. Покрај тоанија.

а, канцеларката рече и дека сѐ уште не е конечно решено прашањето на статусот на германските државјани кои живеат во Велика Британија.

И покрај надевањата дека ЕУ и Велика Британија ќе постигнат договор, „германската влада, покрај интензивирањето на преговорите, започна соодветно да се подготвува и на излегувањето на Велика Британија од Европската унија без договор“, додаде Меркел.

Германската канцеларка истакна дека сака Велика Британија и по излегувањето да остане во тесни врски со Европската унија, но и дека, исто така, мора да постои разлика во однос на полноправното членство.

„На крајот разликата меѓу членството и партнерството мора да биде јасно препознатлива“, рече Меркел, која на крајот заклучи дека Велика Британија последните децении многу и трајно влијаела врз карактерот на Европската унија.

Воспоставувањето на физичката граница меѓу Британија и Ирска го доведува во прашање интегритетот на единствениот европски пазар и е во спротивност со мировниот договор постигна на Велики петок 1998 година со кој беше ставен крај на триесетгодишниот судир меѓу мнозинските протестантски пробритански унионисти и републиканските католици, што би можело да го загрози мировниот процес во Северна Ирска.

Брисел сака посебен статус за Северна Ирска, согласен правилата во рамките на ЕУ, што британската премиерка Тереза Меј го одбива, сметајќи дека со тоа неприфатливо се задира во територијалниот интегритет на Обединетото Кралство, преки нејзиниот составен дел Северна Ирска.