Меркел: Климатските промени и дигитализацијата се клучните предизвици за ЦДУ

Излегувајќи на бината во Лајпциг, пред приврзаниците на својата Демохристијанска унија на Германија, на денот кога точно пред 14 години стана канцеларка, Ангела Меркел денеска на приврзаниците има  кажа  дека никогаш не замсилувала дека толку долго ќе биде на власт, но додаде дека работата се уште не е завршена.

Меркел ги потсети своите сопартијци од ЦДУ дека невработеноста бележи најниско ниво од 2005 година досега и дека Германија се избори со светската финансиска криза, пренесоа американските медиуми.

Но, наведе таа, партијата треба да гледа во иднината, во новите предизвици како дигиталните трансформации и борбата против климатските промени, истовремено преовладувачките нови притисоци како руската агресија и трговски спорови со САД.

-Мораме да изнајдеме решенија за светот на утрешнината и да обезбедиме СДУ да биде партија на силниот центар на Германија, истакна Меркел. Таа додаде дека, како канцеларка, сака да продолжи да работи на тоа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.