Меркел: Македонија и Албанија припаѓаат во иста група

Македонија и Албанија заслужуваат да ги започнат преговорите со Европската унија, но на тој пат двете земји можат да се движат по различни шини во зависност од успесите, оцени Ангела Меркел на прес-конференцијата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Сметам дека Албанија и Македонија припаѓаат кон истата група. Ги имаме Србија и Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, и конечно ги имаме Босна и Херцеговина и Косово, каде имаме една поинаква ситуација. Затоа сметам дека доколку сме фер, двете земји треба да започнат преговори, но притоа да следат различни патеки, затоа што секој треба да биде оценуван според сопствените успеси, рече Меркел.

Минатата година имаше силни ветувања и уверувања, и во Брисел и во Скопје, дека двете земји ќе ги започнат преговорите со ЕУ, но Франција, Данска и Холандија го блокираа процесот на самитот во октомври. Меркел и Пленковиќ за овој застој во проширувањето на Унијата разговараа во Берлин во теркот на посетата на хрватскиот премиер на Германија.

„Самитот за западен Балкан кој ќе се одржи во Загреб е многи важна ранота поради проблемот со почетокот на преговориет на Македонија и Албанија. Се надеваме дека на состанокот на врвот на ЕУ и земјите од западен Балкан ќе биде постигнат напредок на ова поле“, изјави Меркел по разговорите со Пленковиќ.

Хрватскиот премиер, исто така, изрази оптимизам за самитот кој ќе се оддржи на 5-ти и 6-ти мај во Загреб. Германија на 1-ви јули ќе го презема од Хрватска ротирачкото претседателство со ЕУ.

„Овој самит ќе даде реална перспектива во односите на ЕУ со земјите во соседството, за да знаеме со која динамика овие земји ќе се движат кон членството“, рече Пленковиќ.