Меркел не дозволува рестарт на Бундеслигата!

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска ги разочара фудбалските вљубеници во оваа земја, но и во целиот свет, откако го одби планот Бундеслигата на продолжи веќе на 15 мај.

На седницата на Владата, која беше одржана утринава, била донесена одлука дека сите фудбалери од првите две по квалитет фудбалски натпреварувања во Германија ќе мора да минат низ 14-дневен карантин. Тоа значи дека Бундеслигата најрано би можела да почне на 22 мај.

Ваквата одлука е донесена поради големиот број заразени со коронавирусот меѓу бундеслигашките играчи, кои излегоа на површина по масовните тестирања кои се случија во клубовите. Германската фудбалска лига (ДФЛ) веќе подолго време бара да се одобри продолжување на првенството, што е од витална важност за преживување на тој сектор кој во Германија вработува околу 56.000 илјади луѓе.

Доколку последните девет кола од Бундеслигата би можеле да бидат одиграни, германските клубови од ТВ правата ќе имаат приход од нови 300 милиони евра и така драстично би се намалиле загубите.