Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека не е предоцна за решавање на кризата во Украина со политички средства, и покрај разликите и мислењата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Западот по прашањето за Крим кој сега се наоѓа под контрола на Русија, изјави нејзиниот портпарол Штефан Зајберт.
Таа на Путин и на американскиот претседател Барак Обама им предложи испраќање на „мисија за утврдување на факти“ во Крим, украински полуостров во Црното Море кој руските сили го заземаа без борба.
„Се уште не е доцна, кризата да се реши со мирни политички средства,“ изјави нејзиниот портпарол Штефан Зајберт, апелирајќи на Москва да престане да применува „логика на движење на силите.“
„Јасно е дека претседателот Путин има потполно различно гледање на ситуацијата и случувањата на Крим од германската влада и нашите западни партнери,“ додаде тој.
Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмајер денеска истакна дека активностите на руската војска на украинско тло е „неприфатливо“ како и дека меѓународната дипломатија мора да има водечка улога во разрешување на кризата.
„Кризната дипломатија не претставува слабост, туку ќе постане поважна отколку некогаш во спречување на пад во амбисот и воена ескалација,“ изјави Штајнмајер пред закажаниот вонреден состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел