Меркел: Не мора да се викате Ерика или Клаус за да бидете Германци

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во втгорникот дека мигрантите кои ќе дојдат во Германија се Германци иако имаат странски имиња, критикувајќи го раширениот обичај меѓу белите Германци Турците родени во Германија да ги испитуваат од каде дошле.

„Интеграцијата не може да се провлекува низ седум генерации и никогаш нема да заврши само затоа што некој не се вика Ерика или Клаус“, рече Меркел во Берлин.

„Прашањето е до кога лице кое нема германско име мора да се интегрира пред потполно да се интегрира? Мислам дека секому треба да му се даде шанса, додека не добие германско државјанство, да биде сметан за дел од оваа земја и името притоа не би требало да има никава улога“, додаде германската канцеларка.

Меркел истакна и дека доселениците коишто потекнуваат од други култури „работеле за Германија“ и така придонеле за нејзината сила.

Канцеларката зборуваше на 60-годишнината од потпишувањето на договорот со Турција за примањето стотици илјади турски работни кои го пополниле недостигот од работна сила во Германија во 1960-те години.

Тогашната Западна Германија слични договори потпиша и со поренешна Југославија во 1968 година, како и со Италија, Португалија, а пак комунистичката Источна Германмија со Мозамбик, Куба и Виетнам.

Меркел своевреемно дојде во судир со голем дел од нејзинатга демохристијанска Унија CDU/CSU откако во 2015 година дозволи прифаќање на повеќе од милион ипол мигранти и бегалци, главно од Блискиот исток и од Африка.