Меркел не сака да работи во ОН

Поранешната, а сега пензионирана германска канцеларка Ангела Меркел, која цели 16 години го означуваше не само развојот на својата земја, туку и на Европа, доби понуда за работа од Њујорк. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во писмо ѝ понуди на Меркел да биде дел од советодавен тим на високо ниво во светската организација, а таа телефонски одбила, јавува Политико.

Дипломатски извори во ОН тврдат дека на Меркел ѝ било понудено претседателство со телото за глобални јавни добра, од што потенцијално би требало да имаат корист сите граѓани на светот.