Меркел незадоволна од објаснувањето на Ријад, нејзината партија се заканува со санкции

Германската канцеларка Ангела Меркел во саботата беше една од многу ретките западни челници коишто го осудија убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги (Хашкаџи) во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, оценувајќи дека досегашните објаснувања од официјален Ријад за околностите на убиството имаат „недостатоци“, а во саудиската престолнина истовремено објавија дека тамошниот суд ќе го преземе случајот.

„Најостро го осудуваме овој чин“, се истакнува во заедничкото соопштение на германската канеларка Ангела Меркел и нејзиниот министер за надворешни работи Хеико Маас.

„Очекуваме транспарентност од Саудиска Арабија кога станува збор за околностите на смртното настрадување на новинарот… Досегашните информации за настаните во истанбулскиот конзулат имаат недостатоци“, се додава во писмената изјава.

Изразувајќи длабоко сочувство до семејството на Џамал Кашоги и неговите блиски и пријателите, Меркел и Маас истакнуваат дека мора да бидат откриени одговорните за неговата смрт.

Малку подоцна по изјавата на Меркел и Маас, претседартелот на комисијата на Бундестагот за надворешна политика, Норберт Ретген од партијата на канцеларката Христијанско-демократска унија (CDU), смета дека германската влада треба веднаш да го запре испораките на оружје за Саудиска Арабија и да отвори расправа во Европската унија за повлекување на дипломатите на земјите членки од Ријад, доколки во најблиска иднина не бидат појаснети околностите за смррта на новинарот.

„Мене ми е сосема јасно дека дека доколку во најскоро време во саудската власт не преземат одговорност, вклучително и политички мерки, првото што ќе биде неопходно веднаш да се стори е да се сопрат испораките на оружје, вклучтелно и оние кои веќе се одобрени“, вели Ретген во интервјуто за магазинот Welt.

„Второ, владата на Германја мора да инсистира на претстојната инвестициска конференциај во Саудиска Арабија да не бидат присутни нашите политичари, но и високи претставници од деловните кругови да се откажат од учеството на неа“, смета Ретген. Спроед него, тоа „се однесува, на пример, на претседателот на управниот одбор на Siemens (Џо Казер), кој се согласи“ да учествува.

Како трето, Ретген порачува дека владата во Берлин „мора да се координира со партнерите во ЕУ и во НАТО и да преземе координирани дипломатски чекори, како што е протерување на персоналот во амбасадите, доколку Саудиска Арабија не изеде далекусежни заклучоци.

„Во духот на последниот развој на настаните, Германија треба јасно да каже дека ќе преземе мерки во сите сфери, од зделките за оружјето, допломатски чекори до економските односи воопшто“, додава Ретген. Според него, случајот со Кашоги претставува тест за довербата во надворешната политика на Германија

Челникот на комисијата за надворешна политка на германскиот парламент оцени дека се „потполно неубедливи“ последните информации кои ги објави Ријад за смртта на новинарот. „Ова е веќе трета официјална саудиска верзија“, истакнува Ретген.

Истовремено сопартиецот на канцеларката Меркел ја критикуваше и позицијата на официјален Вашингтон. „Политиката на претседателот Трамп на Блискиот исток, кога целиот влог е ставен на Саудиска Арабија, за да се изолира Иран, може да го убеди саудискиот престолонаследник ека за него повеќе нема никакви граници“, предупредува Ретген,

Случајот со убиството на новинарот Кашоги, ќе биде разгледуван во судот во Саудиска Арабија, објави истовремено на Twitter саудискиот министер за правда шеикот Валид бен Мухамед ал-Самаани.

Како што појаснува во објавата министерот, „инцидентот со Кашоги се случил на суверена територија на монархијата“, а околностите за смртта на новинарот ќе ги испитува саудиски сид „по завршувањето на сите неопходни постапки“.

Претходно во саботата саудиските власти ја потврдија смртта на новинарот Џамал Кашоги, кој исчезна на 2-ри октомври откако влегол во саудискиот конзулат во Истанбул. Според нив, смртта била резултат на физички конфликт во кој тој учествал кој избувнал во дипломатската мисија. Во случајот на убиството, 18 поданици на саудиската монархија се уапсени, а истрагата продолжува. Саудискиот монарх, исто така, потпиша указ за отповикување од должностите на високи разузнавачки функционери, меѓу кои и заменкот на директорот на разузнаањето, генералот Ахмед Асири.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.