Меркел објави дека ЕУ постигнала договор за Северен тек 2

Благодарејќи на тесната заедничка работа во Европската унија е постигнат договор за рускиот гасовод Северен тек 2, изјави во петокот германската канцеларка Ангела Меркел, пренесе агенцијата Reuters.

Претходно агенцијата AFP објави дека Берлин и Париз постигнале компромис а промените на европската Директива за. Суштината на новата редакција на прописот на ЕУ е дека проектот не може да биде блокиран, а сите клучни одлуки за негова реализација во Европа ќе ги преземе Германија, бидејќи на нејзина територија се наоѓа крајната дестинација за производство на енергенсот.

Како што наведе француската агенција, постигнатиот компромис се однесува на правила на транспортниот гас, а во случајот овој договор да биде усвоен, Франција ќе даде согласнот и на усвојување нови европски правила кога се работи за транспортот на гас.

Претходно медиумите пренесоа дека Париз планира да му се спротивстави на Берлин поради проектот Северен тек 2, и тоа при гласањето за измените на правилата на Третиот енергетски пакет, кој е закажан за подоцна во петокот. Според овие измени, кои Европската комисија ги предложи во 2017 година, на гасоводи од третите земји би требало да се применуваат правила на внатрешните пазари, пред се да се забрани снабдевање со гас ако таа страна истовремено е и оператор на гасоводот.

Во Вашингтон го критикуваат овој проект и поради вносните транзитни надоместоци коишто Украина би ги загубила со градбата на Северен тек 2, што во иднина секако ќе го донесе Киев во ранлива позиција и секако ќе ги зголеми издатоците на западните партнери за одржување на антируски ориентираните уркаина власти.

Германија и нејзините европски сојузници, главно преку чијашто територија ќе минува гасоводот, го обвинуваат Вашингтон дека го користи споменатиот закон за мешање во нивните внатрешни и надворешни работи, како и во енергетската политика. Берлин пак со месеци наназад оценува дека САД сакаат да го блокираат гасоводот Северен тек 2 затоа што сакаат да ги зголемат извозот на својот природен гас произведен од шкрилци.

Претходно беше планирано „Газпром“ во заедничкиот проект Северен тек 2 во компанијата којашто би го реализирала проектот да има 50 отсто удел, додека остатокот од по 10 отсто да им припадне на компаниите „Uniper“ (поранешен E.ON), BASF/Wintershall, Shell, OMV и ENGIE. Меѓутоа, партнерите се откажаа откако се појавија проблемите со полската агенција за антимонопол.

Полска, Латвија и Литванија се противат на градењето на Северен тек 2 стравувајќи дека преку Германија ќе има преголем удел на рускиот гас на нејзиниот пазар и нивните челници се убедени дека станува збор за политички проект. Полска, исто така, изјави дека плановите за изградба на уште еден гасовод кој би ги поврзувал Русија и Германија, ткн Северен тек 2, не се економски мотивирани, туку имаат политички причини.

Уште неколку држави од средна и источна Европа пред повеќе од една година му пишаа протесно писмо на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, сметајќи дека овој гасовод не е во согласност со европското енергетско законодавство и стратешките цели. САД коишто имаа сериозни амбиции својот природен гас да го извезуваат во Европа, пак, овој проект го сметаа за „давање ветер в грбот“ на европската зависност од рускиот гас.

Во декември 2015-та Италија се обиде да го блокира продолжувањето на санкциите на ЕУ против Русија поради украинската криза и истапи противи изградбата на рускиот гасовод Северен тек-2, кој го форсира и делумно финансира Германија, откако Европската комисија со своите активности всушност предизвика Москва да се повлече од проектот Јужен тек, со кој со природен гас требаше да се снабдува и Италија. Тогашниот премиер Матео Ренци отворено ја обвини Унијата за „двојни стандарди“.

Од друга страна, пак, Германија го поддржува проектот Северен тек 2, како и австриската компанија OMV која оцени дека е овој гасовод е многу важен за европската енергетска безбедност, бидејќи алтернативното снабдување со гасот низ Украина, која е исполитизирана со затегнатите руско-украински односи и во минатото доведе до три ткн „гасни војни“ со што беа оштетени корисниците во Европа.

Според достапните информации, снабдувањето преку Северен тек во 2015 година изнесувало 39 милијарди кубни метри гас, или 70 отсто од проектираните капацитети на гасоводот.

Почетокот на функционирањето на гасоводот Северен тек -2 (Nord Stream 2 AG) е предвиден за крајот на 2019 година. Тој ќе минува по дното од Балтичкото Море од рускиот брег до брегот на Германија. Капацитетот на секоја од овие две маршрути е 27,5 милијарди кубни метри гаса годишно. Капиталните расходи за проектот се проценуваат на 8 милијарди евра, а вкупните трошоци врз основа на привлекување на финансиите за проектот се процените на 9,9 милијарди евра.