![belorusija migranti 01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/belorusija-migranti-01.jpg?resize=696%2C322&ssl=1)
Германската канцеларка на заминување Ангела Меркел, којашто претходно седмицава ја бранеше својата политика на отворени граници во 2015 година со коај во Германија влегоа над милиони бегалци и мигранти за што беше остро критикуван и дома и во странство, потврди во средата дека во текот на телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин побарала од него да влијае врз белоурскиот претседател Александр Лукашенко во врска со приливот на илегалните мигранти на источните надворешни граници на Европската унија.
„Би сакала да им се заблагодарам на оние земји коишто се грижат за заштитата на надворешните граници – Латвија, Литванија и Полска“, изјави Меркел во резиденцијата на германската влада во Мозеберг во близина на Берлин пред средбата со премиерите на Потругалија, Антонио Кошта, и на Латвија, Кришјанс Каринш.
Притоа канцеларката истакна дека снимките од границите на балтичките земји членки на ЕУ со Белорусија „даваат причини за вознемиреност“.
Преходно агенцијата Reuters, повикувајќи се на неименуван претставник на ЕУ, објави дека Меркел и Путин во средата ќе имаат уште еден телефонски разговор за ситуацијата со бегалците на границата на Белорусија со земјите од Унијата.
„Денеска имав телефонски разговор со рускиот претседател Путин и побарав од него да влијае врз Лукашенко, бидејќи во овој случај се користат луѓе“, рече Меркел, пренесува агенцијата DPA.
„Мигрантите, така да се каже, се жртви на нехумана политика и треба да се стори нешто против тоа. Исто така, денеска ќе разговаравме за тоа како можеме да ги поддржиме земјите кои граничат со Белорусија и што можеме генерално да направиме за да го надминеме овој проблем“, продолжи Меркел.
Според неа досега „не било можно хумано“ да се надмине овој проблем, но „од друга страна, важмно е да се заштитат надворешните граници на ЕУ“.
Последните неколку месеци, балтичките земји членки на ЕУ – Литванија, Латвија и Полска информираа за зголемување на бројот приведени илегални мигранти на своите граници со Белорусија, обвинувајќи ги властите во Минск дека создаваат миграциска криза. Белорусија, чиј претседател Александр Лукашенко во мај предупреди дека веќе нема да ги задржува на својата територија мигрантите како одговор на санкциите на ЕУ воведени поради брутално справување со демонстрантите против неговиот резибор на должноста, ги отфрла таквите обвинувања.
Во вторникот Лукашено истакна дека е забележана активност на мафијашки структури од земји членки на ЕУ кои им го осигуруваат транспортот на бегалци на Блискиот исток во Белорусија ветувајќи им дека ќе ги префрлат во Полска или другите балтички членки на Унијата и дека за тоа им се плаќа скапо.
„Не станува збор за сиромашни луѓе кои доаѓаат од таму. Ако се сиромашни, веќе им ги собрале парите. Ние целосно го следиме овој синџир. Оние кои ги фатија во Полска, мора да разјаснат кои се. Немаше Белоруси, само двајца Руси. А десетиците кои ги префрлаат луѓето се Германци и, во прв ред, Полјаци, како и Украинци и Литванци“, рече Лукашенко.