Меркел планира посета на Турција и средба со Ердоган

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја посети Турција следниот месец за да го повика претседателот Реџеп Таип Ердоган да го испочитува миграцискиот пакт со Европската унија, објави „Зидојче Цајтунг“.

Ердоган во неделата предупреди дека Турција, која веќе примила околу 3,7 милиони сириски бегалци, нема да може да се справи со нов бран мигранти.

Портпарол на германската Влада одби да ја потврди информацијата на весникот.