Меркел по пет години во посета на Грција

Четири месеци откако Грција излезе официјално од последниот пакет странска финансиска помош со којашто се спаси од банкрот, германската канцеларка Ангела Маркел пристигна во Атина во четвртокот, што е првата нејзина посета на оваа јужна членка на Европската унија по 2014 година кога беше пречекана со жестоки протести.

Дводневниот престој на канцеларката Ангела Меркел привлече повторно големо внимание на грчката јавноста,а јавната телевизија ERT ги пренесуваше во живо нејзиното пристигнување на атинскиот аеродром.

Меркел ќе се сретна ео премиерот Алексис Ципрас во текот на вечерта, а двајцата челници ќе разговараат за грчката економија, миграциите, како и за последната фаза од долгиот процес на преговорите меѓу Атина и Скопје околу името на Македонија.

Пред посетата, Ципраз за грчкиот телевизиски јанал OPEN во средата го опиша својот однос со Меркел во текот на изминатите четири години како искрен истакнувајќи дека двете страни „го мислеле она што го кажале“. „Меркел доаѓа во Атина и поради тоа што смета дека токму таа е заслужна за грчкиот спас од банкрот“, истакна Ципрас.

Германската канцеларка во Атина повторно ја дочекаа протести. Полицијата употреби солзавец врз група демонстранти кои протестираат против Меркел и се обидоа да го запрат конвојот кој се движеше кон седиштето на грчката влада. Демонстрантите извикуваа пароли кои ја обвинуваат германската канцеларка за маките на грчките граѓани во текот на осумгодишната остра рестриктивна програма за штедење, кои беа составен дел од трите програми во износ од неколку стотици милијарди евра на коишто Грција мораше да се согласи за да ги добие транншите.

Според извештајот на телевозијата, овојпат протестот набргу стивнал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.