Меркел по второто тресење во јавноста вели дека се чувствува добро, владини извори наведуваат ‘психолошки проблеми’

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во саботата дека се чувствува добро два дена откако целото нејзино тело за кусо време по втор пат сериозно се тресеше во текот на јавен настан, што предивика загриженост за нејзиното здравје.

„Сигурна сум дека реакцијата ќе мине, како и што се појави“, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на прес-кофнеренцијата на маргините од смитот на Г20 во јапонска Осака.

Шеесет и четиригодишната Меркел беше прашана од новинар дали може да објасни зпшто се тресела, и дали во врска со тоа се советувала со лекар. Канцеларката одговори дека, иако може да ги разбере ваквите прашања, нема „ништо особено да пријави, освен дека се чувствува добро“.

Во четвртокот, само неколку часа пред заминувањето на самитот во Осака, уште еднаш камерите го забележаа силното тресење на Меркел на јавен настн во Берлин. Тоа се случи на церемонијата во официјалната резиденција на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во текот на примањето на новата министерка за правда, Кристин Ламбрехт. Канцеларката се тресеше околу две минути, а за тоа време рацете ги држеше прекрстени.

Само една седмица претходно, Меркел и покрај големите напори што ги вложуваше, не можеше да го скроти силното и интензивно треперење на целото нејзино тело додека стоеше покрај новиот украинскиот претседател Владимир Зелински, при интонирањето на националните химни на двете земји во Берлин. Потоа појасни дека тоа било последица на тоа што не пиеле доволно вода, додека стоела на силното сонце. Но во четвртокот на снимките беше видливо дека ѝ е понудена чаша вода, која таа прво се обиде да ја земе, но потоа се премисли. Покрај тоа во четвртокот температурите во Берлин беа пониски, а церемонијата се одвиваше во затворен кломатизиран простор.

Многу германски медиуми веднаш консултираа медицински стручњаци кои даваа оцени за можните дијагнози кои би биле причина за тресњето на Меркел. Процените се движеа од исхемичен тремор, односно затнување на некои артериски крвни садови, до дијабетес.

Два германски весника, Stuttgarter Zeitung и Stuttgarter Nachrichten, во петокот цитираа валдини извори, кои рекле дека канцеларката вториот пат се тресела од „психолошки“ причини. „Сеќавањето на инцидентот од претходната седмица ја прдизвика сегашната ситуација, па може да се каже дека процесот се јавил од психолошки причиони“, известиле неименуваните соговорници.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.