Меркел подготвена за контролиран прифат на ранливите бегалци од Авганистан

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е отворена за „контролиран пристап на особено ранливите авганистански бегалци“, кои бегаат од талибанскиот режим и призна дека има тешкотии европските партнери да постигнат договор за ова прашање.

Германската канцеларка, чија земја во 2015/16 година прими повеќе од милион баратели на азил, сепак, наведе дека прво треба да се бараат регионални решенија со цел тие бегалци да бидат примени во земјите во близина на Авганистан.

-Во втората фаза, можеме да размислиме дали луѓето кои се особено ранливи треба да дојдат во Европа, на контролиран начин и со поддршка, рече таа на прес -конференција.

Меркел, која зборуваше по состанокот со нејзината естонска колешка Каја Калас, рече дека има намера да разговара за ова прашање со Високиот комесар на ОН за бегалци Филип Гранди.

Откако талибанците во неделата ја презедоа власта, илјадници Авганистанци побрзаа на аеродромот во Кабул за да се обидат да ја напуштат земјата, што доведе до сцени на хаос што го вознемирија светот.

Меѓутоа, прашањето за прифаќање мигранти останува многу деликатно во ЕУ, особено во Германија, каде што политиката на прифаќање мигранти во 2015 година ја дестабилизираше Ангела Меркел и нејзината конзервативна партија и предизвика зајакнување на крајнодесничарската антимуслиманска партија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.