Меркел порача дека и покрај успесите Германија сѐ уште е на почетокот од епидемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на кризниот кабинет во понеделникот изјави дека Германија и покрај успестите во справувањето со новиот тип коронавирус, сѐ уште не ја надвладеала епидемијата.

„Во ниеден момент не смееме да го губиме од предвид фактот дека, и покрај сѐ, сѐ уште се наоѓаме на почетокот од епидемијата“, рече германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на владиниот кризен кабинет.

Канцеларката рече дека досегашните строги мерки покажаа и ефект, како и дека показателот според кој едно лице заразува едно лице поднал под вредноста еден.

„Би била голема штета кога со отворени очи сега би доживеале удар и би тргнале во друга насока“, рече Меркел.

Појасни дека првите мерки на попуштање, како што се отворањето на помалите продавнциите, не би требало да биде искористено како повод за натамошни чекори за попуштање на рестрикциите.

„Мораме да бидеме претпазливи со попуштањето на мерките. Јас сум за тоа тие да користат во најмалиот можен договорен обем“, рече Меркел и укажа на тоа дека дури за две седмици ќе биде видливо како ублажувањето на мерките влијае врз бројката на заразените.

Меркел појасни дека доколку дојде до повторен остар раст на бројот заразените, враќањето кон поригорозните мерки ќе биде „неизбежно“. Го повика населението да го задржат трпението, свесна за тешката ситуација на многуте угостители, осамени лица, соамохраните родители, слободните уметници, но и на верските заедници.

„Знам дека оваа пандемија изискува многу од секој од нас, но и од севкупната заедница, меѓутоа апелирам до сите да издржиме“, рече Меркел.

Во Германија од денеска е дозволено отворањето на помалите продавници, но мерките за избегнувањето на социјалните контакти и ограничување на движењето на натаму се на сила, и тоа засега до 3-ти мај. Кризниот кабинет и премиерите на сојузните покраини за новите мерки ќе дискутираат на 30-ти април.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.