Меркел повика на подобра координација за помош на бегалците

Конференцијата што започнува во Истанбул в понеделник нема донаторска карактер туку треба да донесе подобра интеграција меѓу различните меѓународни активности на хуманитарен план, како и да се добие целосна слика за преземените активности досега.

Според Меркел потребно да се види дали сите ветувања за помош дадени на различни меѓународни форуми доследно се спроведуваат со цел да им се помогне на луѓето во невоља.

Организатор на конференцијата во Истанбул се Обединетите нации, кои претходно објавија дека 125 луѓе во светот зависат од хуманитарна помош.

Како што предходно објави германската Влада на маргините на форумот во Истанбул ќе се сретнат германската канцеларка Меркел и турскиот претседател Ердоган, а една од темите на разговор ќе биде внатрешната политичка состојба во Турција по оставката на премиерот Давутоглу и усвојувањето на законот со кој на дел од турските пратеници со гласовите под контрола на Ердоган им беше симнат имунитетот.