Меркел прави паралела меѓу политиката и „Прстенот… “ на Вагнер

angel Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел вели во својот подкаст објавен во неделата дека забележува паралели меѓу операта „Прстенот на Нибелунзите“ на долги години сметан за контроверзен според неговите наводни политички ставови па дури и забрануван, германски композитор Рихард Вагнер и политичкиот живот.

Во подкастот „Зборуваме ли за убиство?!“ на германската јавна телевизија SWR, Меркел не зборуваше за вистинските злосторства, туку за криминалните случаи во споменатата опера на Вагнер.

„Несомнено има усмртувања, убивања во ‘Прстенот…’. Попатно има и кражби, разбојништва, силувања, инцест и ограбувања“, вели еден од водителите сумирајќи го долгата листа со злосторства во тетралогијата на Вагнер, којашто ги опфаќа „Рајнското злато“, „Валкира“, „Зигрфид“ и „Самракот на боговите“ кос е сметаат за ремек-дела во опусот на Рихард Вагнер.

„Со сето се занимава од перспективата на човечките моќи и слабости коишто ги има насекаде во светот“, вели Меркел во криминалистичкиот поткаст емитуван во неделата попладнето.

Поранешната долгогодишна германска канцеларка Ангела Меркел не сакаше да споменува имиња, но рече дека „одредени мотиви“ повремено препознавала.

„Јасно е дека постојат повреди во политиката“, рече Меркел. На пример, за неа не била „воопшто лесна ситуацијата“ да се изгуби во трката за кандидат за канцелар на изборите во Германија во 2002 година, во која беше победена од тогашниот челник на нејзината партија Едмунд Штојбер.

„Но добра е политиката (…) а јас се обидував за тоа, да не си дозволите себеси да ве водат слабостите, туку со нив треба да се соочите и да се започне одново. Ако сте под толкаво влијание на одмазда или возвраќање што тоа не можете да го исфрлите од главата, тогаш не би требало да се занимавате со политика“, рече Меркел.

Зборуваше и за суетата, карактеристика којашто, како што рече, не е непозната во политиката.

„Да се тврди дека кој и да е целосно лишен од суета, не би го рекла тоа дури ни за себеси. Суетата е нешто што им е својствено на човечките битија. Но, исто таа, мора да биде воздржана“, додаде Меркел.

Во поткастот поранешната канцеларка учествуваше заедно со поранешниот сојузен судија Томас Фишер и водителот Холгер Шмид во триделното божикно специјално издание за вистинско злосторство.

„Сега можам да учествувам во формати во коишто претходно можев само многу многу ретко“, рече поранешната челничка на конзервативна Христијанско-демократска унија (CDU) во поткастот.

Додаде дека сакала да се обиде да „оди во сосема поинаква насока“ и рече дека сега тоа дел од нејзината „новооткриена слобода“.

Меркел од порано е позната како голем обожавател на музиката на Вагнер и редовно го следи фестивалот во Бајројт. Отворањето на фестивалот секогаш беше една од ретките прилики во годините кога Меркел се појавуваше на црвениот тепих со сопругот Јоаким Зауер, со кој ја споделува страста кон Вагнер. Поради тоа, Зауер во медиумите на шега го нарекуваа „Фантомот од операта“.
И додека повеќето славни личности и политичари го напуштаат сценско-музичкиот фестивал во Бајројт, Меркел и Зауер најчесто остануваа подолго во овој град во северна Баварија за да ги следат и другите претстави. Фестивалот традиционално беше најава и за почетокот на летниот одмор на оваа брачна двојка.