Меркел различната визија на Унгарја за ЕУ ја смета за „сериозен проблем“

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека унгарската визија за иднината на Европската унија претставува „сериозен проблем“, бидејќи значително се разликувала од оние на повеќето земји членки.

„Секако дека постојат многу длабоко вкоренети различни концепции и тоа го гледаме кога ги разгледуваме унгарските ставови за иднината на Европската унија“, рече Меркел во петокот за новинарите по средбата на врвото во Брисел кој го одбележа спорот на Унгарија со одредени земји членки.

Како пример, Меркел ги посочи предлозите на Будимпешта за нововоспоставената Конференција за иднината на Европа, иницијатива којашто би требало да даде нови идеи за реформата на институциите на ЕУ во претстојните години, туку се „далеку од оние кои јас би ги дала“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатата седмица изјави дека посакува намалување на овластувањето на Европскиот парламент во полза на националните парламенти на суверените земји членки на Унијата.

„Во тој поглед веќе имаме сериозен проблем“, предупреди германската канцеларка Ангела Меркел.

Додаде деа по тензичната и емотивна дискусија во четвртокот вечерта, поттикната од новиот закон во Унгарија за заштита на малолетниците од пропаганда и промовирање на хомосексуалноста и промената на полот, кој речиси половината од членките на ЕУ го сметаат дискриминаториски и спротивен на основните вредности на Унијата, пренесува службената германска новинска агенција DPA.

Меркел во врска со тоа рече дека разговорите се спроведени со „повеќе длабочина и искреност“, отколку кој и да е доегашен состанок на 27-те челници. „Таа дискусија сѐ уште не е готова, секако“, додаде германската канцеларка.

Некои од челниците во ЕУ повикуваат на поведување правен процес на Европската комисија против Унгарија. Преседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен, во петокот тврдеше дека „повеќето учесници“ на самитот „јасно се изразиле дека унгарскиот закон ги крши основните вредности како што се еднаквоста, достоинството и слободата“. Притоа таа конкретно не посочи со кои дејствија се нарушуваат тие вредности со законот за кој Будумпешта многу децидно на самитот порача дека е во насока на „заштита на правото на децата“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.