Меркел сака целосно укинување на граничните контроли во Шенген од 15 јуни

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека сака од 15 јуни да биде укината вонредната гранична контрола воведена во Шенген зоната поради коронавирусот.

– Ако состојбата на заразата го дозволи тоа, сакам да повторам дека од 15 јуни граничните контроли во Шенген зоната можат целосно да бидат укинати, рече Меркел во Бундестагот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.