Меркел сака разговори со Џонсон за брегзитот

Германската канцеларка Ангела Меркел сака во блиска иднина да разговара „еден на еден“ со британскиот премиер Борис Џонсон за излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија и други прашања од двостран интерес, ијазви во петокот во Берлин портпаролот на германската влада.

Средбата ќе се одржи наскоро, рекол портапролот на германската влада Штефан Зајберт, без да го прецизира датумот на состанокот.

Двајцата челници ќе присуствуваат на самитот на Г7 во Биариц во Франција, во периодот од 24-ти до 26-ти август. Распоредот на Џонсон за самитот ќе биде објавен во понеделник.

Џонсон уште еднаш седмицава изјави дека Велика Британија ќе ја изведе од Европската унија до 31-ви октомви „или ќе умре“. Вети напуштање на ЕУ со или без договор, доколку Брисел не се согласи со промената на договорот кој го постигна неговата претходничка Тереза Меј, но трипати го отфрли британскиот парламент, што беше и главната причина за нејзиното повлекување од должноста.

Европската унија, пак, одби да бидат спроведени какви и да се промени во договорот, што предизвикува зголемени стравувања во врска со брегзитот без договор со потенцијални тешки економски и други последици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.