11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Меркел со сугестија до Заев и Борисов: Мора да се согласувате, тоа е многу важно

За регионот она што морам да го кажам е дека треб да се согласувате, не заборавајте, изјави Меркел на крајот од Самитот.

-Добро е што покажавте дека може да се одржи конференција во ваков период. Го поздравуваме напредокот што го постигнавте., истакна Меркел.

На прес-конференцијата никој од учесниците директно не го спомена македонско-бугарскиот спор, а во поздравното обраќања од Самиотот премиерот Заев порача дека очекува поддршка на процесот на проширување.

-Верувам дека имаме обновен импулс и очигледна политичка поддршка за процесот на проширување и за спроведување на пристапните преговори. Треба да ја зграпчиме оваа шанса и да ја искористиме за доброто на сите граѓани, рече премиерот Зоран Заев

„За нас е важно во рамките на Берлинскиот процес да посветиме посебно внимание на развојот на инфраструктурната поврзаност во регионот, бидејќи ова е циркулаторниот систем на Балканот, преку кој живеат и бизнисот и граѓаните“, рече премиерот Бојко Борисов. „Да не заборавиме дека Западен Балкан заедно претставуваат пазар за околу 20 милиони луѓе. рече Борисов

Најексплицитна во однос на Македонија, и денеска беше министерката за надворешни Захариева во интервју за националната телевизија БНТ, која предложи свикување на Меѓувладина комисија за спроведување на Договорот за добрососедство, за да се забрзаат отворените прашања. Порача дека Софија не се откажува од барањето условите да се најдат во преговарачката рамка.

-Сакаме да видиме дека Договорот се исполнува во преговарачката рамка, сакаме да видиме договор за јазикот, јасен текст дека нема да имаат претензии за малцинствата. Сакаме да видиме хоризонтален критериум за добрососедството. Има над 15 илјади негативни публикации кон Бугарија и Бугарите., изјави Екатерина Захариева, министерка за надворешни работи на Бугарија

На вчерашниот прв ден од Берлинскиот процес на ниво на министри, Захариева и порача на Македонија да го искористи еднонеделното пролонгирање на Советот за општи работи, закажан за 17-ти месецов, каде што треба да се донесе клучната одлука околу преговарачката рамка за земјава. На Самитот, на кој онлајн учество зеде и францускиот претседател Макрон, и првите луѓе на Европската Комисија, Лајен, Борел, Вархеји, беше потпишани декларациите за Заеднички регионален пазар и за Зелена агенда за земјите од Западен Балкан.