Меркел уверува дека не можелo да се предвиди бугарската блокада

Спорот меѓу Србија и Косово, состојбата во Босна и Херцеговина, како и спорот меѓу Бугарија и Македонија се трите проблеми со кои во моментот се соочува регионот, рече германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференција по виртуелниот состанок со лидерите на шесте држави oд Западен Балкан.

– Некои тешкотии не можете да ги предвидите. Долго гледавме како Северна Македонија и Грција преговараа за името… (Кога се реши тој спор) Северна Македонија стана членка на НАТО, но одеднаш Бугарија го блокираше почетокот на преговорите за членство во ЕУ – рече Меркел.

Германската канцеларка уште еднаш повтори дека иднината на регионот е во ЕУ и тоа, според неа, не е интерес само на земјите од Западниот Балкан, туку и на самата ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.