Меркел ветила зелено светло за старт на преговори во септември

Канцеларката Ангела Меркел информирала дека Бундестагот ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Македонија, согласно утврдените процедури на Германија за прашањата за проширување на Унијата, соопшти Владата по денешната средба со неа на делегацијата на Владата, предводена од претседателот Зоран Заев, заедно со заменик претседателот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Било истакнато дека Германија е наш стратешки партнер со кој заедно работиме на политиките за помирување на Западен Балкан, на стабилизацијата на регионот и на обезбедување економски напредок и демократска трансформација, процес којшто ќе заврши со нашето интегрирање во ЕУ.

На средбата на делегацијата на Владата на Македонија во Берлин, било потврдено  дека земји членки на ЕУ ги признаваат признаени резултатите од реформите кои се потенцирани во извештајот на Европската комисија и дека позитивно се гледа на препораката на ЕК за започнување на преговори за членство во ЕУ.