Меркел во Аушвиц со донација од 60 милиони евра

Германската канцеларка Ангела Меркел во петокот првпат во нејзините 14 години на функцијата ќе го посети местото на нацистичкиот концетрационен логор Аушвиц-Биркенау, а ќе донесе и 60 милиони евра во донации за да се помогне во зачувувањето на ова место на сеќавањето, објави тамошниот музеј.

Меркел не се воздржуваше да ја признае германската одговорност за злосторствата сторени во Втората светска војна, но со оваа посета ќе ја продолжи посетата на поранешните канцелари а пред да заврши нејзинито мандат. Таа претходно ги посетуваше другите места на концентрационите логори, и се среќаваше со преживеаните од Аушвиц.

„Аушвиц е музеј, но и најголемите гробишта на светот. Сеќавањето е клучно за градењето на сегашноста и иднината“, рече директорот на музејот Пјотр Цивински во пресрет на посетата на германската челничка на покана на Фондацијата Аушвиц.

Меркел ќе ја објави донацијата на 10-годишнината од формирањето на Фондацијата Аушвиц-Биркенау. Половина од споменатиот износ доаѓаат од касата на сојузната, а другата половина од касите на регионалните влади на германските сојузни земји.

Овие средства ќе ја зацврстат позицијата на Германија како најголем донатор на фондацијата која го финансира зачувувањето на ова место на кое се наоѓал злогласниот нацистички логор на територијата на окупирана Полска. Се верува дека во логорот животите ги загубиле повеќе од милион луѓе. Нацистите убиле повеќе од три милиона од севкупно 3,2 милиона Евреи во Полска, што е околу половината Евреи убиени во холокаустот.

Германската донација, на пример, ќе го осигури натамошното зачувување на 30-те бараки во Аушвиц-Биркенау. „Голем дел од зградите не се изградени за да траат долго“, истакнува Цивински додавајќи дека на фондацијата ѝ се потребни меѓу 4,2 и 4,7 милиони евра годишно за продолжување на конзервацијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.