Меркел во петок ќе се вакцинира со „AstraZeneca“

Германската канцеларка Ангела Меркел во петок ќес е вакцинира против коронавирусот со препаратот на англо-шведската фарацевстска лабораторија „AstraZeneca“, дознава дневниот весник Die Welt.

Германската канцеларка, којашто во јули ќе наполни 67 години, ќе се имунизира против Covid-19 со вакцината којашто во Германија, поради прпоблемите со крвни згрутчувања кај помладите лица, се применува само кај повозрасните од 60 години.

Еден од портпаролите на германската влада одбил да ја потврди оваа информација, повикувајќи се на изјавата на главниот владин портпарол Штефан Зајберт од понеделникот, кога е најаведно дека канцеларката Меркле „ќе се вакцинира во догледно време“ и дека јавноста за тоа ќе биде известена.

Претходно со вакцината на „AstraZeneca“ се вакцинираше и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој тогаш изјави дека „има довреба во вакцините коишто добиле дозвола во Германија“.

По препорака од Централната комисија за вакцините во Германија од почетокот на април со препаратот на „AstraZeneca“ се имунизира само населението над 60-годишна возраст.

Министрите за здравство на сојузните германски покраини пред негколку дена одлучија лицата кои како прва доза ја примиле вакцината на „AstraZeneca“, како втора доза да ја примат вакцината на „Pfizer/Biontech“ или на „Modernа“.