Меркел во Варшава инсистира дека Украина мора да биде транзит за рускиот гас

Украина мора да остане транзитна област за рускиот гас и по 2024 година кога истекува нејзиниот договор со Русија, изјави во саботата германската канцеларка на заминување Ангела Меркел во обидот да го стивне негодувањето на Полска која се противи на германско-рускиот гасовод Северен тек 2, ја повика Варшава спорот со Брисел за полското правосудство да го реши со дијалог а ја обвини Белорусија дека води „хибридна војна“ со бегалците на границите со Европската унија.

„Јасно реков дека ни е важно Украина да остане транзитна земја за рускиот гас“, изјави Меркел пред новинарите по средбата со полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

„Мора да постио обврска Русија да го испорачува гасот на Украина и по 2024 година“, додаде канцеларката Меркел која е во посета на Варшава дојде во послените седмици од својот мандат пред парламентарните избори кон крајот на септември на кои нема да се кандидира.

Моравјецки, пак, порача дека со обезбедувањето Украина да биде транзит за рускиот гас и покрај завршувањето на гасоводот Северен тек 2, наводно се намалува можноста за „руско уценување“.

„Гаранциите за транзитот на гасот преку териториите на Украина и Полска до западна Европа, е елемент кој ја намалува можноста од уцени од Русија, уцени кои се однесуваат на цените и уште поважно политичките уцени“, рече полскиот премиер.

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ во петокот објави дека е целосно завршена изградбата на германско-рускиот гасовод Северен тек и дека гасот преку дното на Балтичкото Море од Русија ќе се испорачува во Германија. Според истиот извор, гасоводот во функција ќе биде ставен најдоцна до краjот на годината, а можеби и порано.

Полска, како и балтичките земји и Украина поттикнати од САД, се противеше на изградбата на Северен тек 2, нарекувајќи го „геополитички проект на Русија кој ќе ја поткопа енергетската безбедност на Европа“. Полска, исто така, стравува дека ќе треба да плаќа повисоки суми на германските добавувачи.

Украина, пак, стравува дека со работата на Северен тек 2 ќе загуби милијарди евра од транзитот на рускиот гас за европските потрошувачи, реле дека Украина ќе се бори против злоупотребата на гасоводот кој ја заобиколува нејзината територија. Меѓутоа, Меркел при нејзината неодамнешна средба со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон, вети дека Германија ќе воспостави специјален фонд кој ќе ги компензира евентуалните штети на Украина од губењето на транзитот на рускиот гас.

Во петокот беше објавено и дека полскиот претседател Анджеј Дуда нема да се сретне со канцеларката Ангела Меркел, иако тоа беше претходно најавени, а откажувањето беше објавено веднаш по објавата на „Газпром“ за завршување на гасоводот.

 

Меркел: Спорот Брисел и Варшава да го решат со дијалог

Меркел во Варшава го коментираше и спорот меѓу Европската комисија и Полска поради реформите на националниот правосуден систем а на кој забелешки имаат бирократите во Брисел кои полската влада ја обвинуваат за нарушување на владеењето на правото.

Полска пред три седмици објави дека Дисциплинскиот совет ќе биде распуштен во рамките на пошироките правосудни реформи следните месеци. Но Европската комисија одлучи претходно седмицава да ги преземе мерките и да предложи финансиско казнување на Варшава, бидејќи оцени дека овој совет веќе се користел за притисок врз судиите или за наводна политичка контрола над судските одлуки, со што се поткопувало законодавството во Европската унија.

Судот на ЕУ на 14-ти јули ѝ наложи на Полска веднаш да ги запре активностите на Дисциплинскиот совет.

„Политиката е повеќе од едноставно одење на суд“, рече Меркел на прес-конференцијата во Варшава и истакна дека спорот треба да биде решен преку дијалог.

Разговорите можеби веќе се водат, продолжи Меркел, а доколку не се водат, Германија ќе го поддржи таквниот пристап.

 

Белорусија обвинета за „хибридна војна“ со мигранти

Германската канцеларка во саботата во Варшава го критикуваше велоруското водство, обвинувајќи го дека наводно се служи со мигрантите и бегалците од кризните жаришта и коритејќи ги тие луѓе за „хибридни напади“.

„Тоа е потполни неприфатливо. Белорусија мора да сфати дека тие луѓе се без заштита користени како цел за хрибридбни бапади“, рече Меркел и го повика Минск да им обезбеди помош на мигрантите кои Полска и Литванија не сакаат да ги примат и ги држат на границите кон Белорусија или со сила ги враќаат на белоруската територија.

Брисел тврди дека белорускиот претседател Александр Лукашенко води „хибридна војна“ против ЕУ користејќи ги мигрантите. Полска започна да гради ѕид на границата со Белорусија и прогласи вонредна состојба.

Лукашенко ѝ порача на ЕУ да покаже хуманост и да ги прими мигрантите кои сакаат да влезат на нејзината територија. Тој кон крајот на мај по воведувањето на новите санкции од Брисел поради наводно кршење на човековите права во земјата, порача дека повеќе нема да ги спречува мигрантите на белоруска територија кои сакаат да минат во земјите членки на Европската унија, што доведе до раст на приливот мигранти на границите на балтичките членки на ЕУ, кои притоа се обвинуваат за нехумано и насилно однесување кон бегалците и мигрантите.

Белорускиот претседател тогаш порача дека ќе ја пушти масата мигранти и бегалци од земјите како Авганистан, Сирија, и Ирак во соседните членки на ЕУ. „Никого нема да запираме. Луѓето се на својот пат од воените зони во ‘топлата и пријатна Европа’, а и на Германија ѝ се потребни работнии“, рече тогаш Лукашенко.

Полска, Литванија и Латвија пријавија големо зголемување на бројот мигранти од земјите како што се Ирак и Авганистан кој се обидуваат да влезат на нивните територии и преку нив во западните членки на ЕУ.

Литванија, којашто со Белорусија има заедничка граница долга речиси 680 километри, силно е погодена со голеиот број мигранти кои последните седмици ги минуваат нејзините граници. Само во јули, според неофицијалните податоци, во земјата досега илегално влегле 2.000 луѓе.

Поради големиот прилив на мигрантите, Литванија од неодамна ги заостри правилата за барање азил и започна да гради ограда и ѕид по должината на границата со Белорусија. Меѓутоа, поради недостиг од бодликава жица, градењето на граничната бариера неодмана беше запрено. Соседна Естонија поради тоа на литванските власти ќе им обезбеди 100 километри бодликава жица од своите резерви.

Истовремено, меѓу Литванците расте отпорот и нетрпението кон мигрантите. Жителите на неколку погранични градови протестираа против градењето сместувалишта за мигрантите. Беа блокирани локалните патишта а имаше и судири со полицијата, поради што министерството за внатрешни работи најави истрага за тие инциденти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.