Меркел: За насилствата во американскиот Конгрес е виновен Трамп

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека виновник за упадот на демонстрантите во американскиот Конгрес е Доналд Трамп, кој не го призна поразот на претседателските избори.

– Сите вчера го видовме вознемирувачкиот упад во американскиот Конгрес и тие слики ме разлутија и растажија. Жалам што претседателот Трамп не го призна поразот во ноември минатата години, ниту тоа го направи вчера –  истакна Меркел на состанок со германските конзервативци.

Таа приврзаниците на Трамп, кои упаднаа во Конгресот ги нарече „напаѓачи“.

Четри лица загинаа, а 52 се упасени откако приврзаниците на Трамп вчера упаднаа во Конгресот за да ја спречат потврдата на победата на Бајден.

Конгресот денеска ја потврди победата на Бајден на претседателските избори.