Мерките за вработување даваат резултати, се намалува бројот на невработени лица

Активните мерки за вработување ги даваат очекуваните резултати. Според последните статистички податоци преку проектот „Македонија вработува“, за седум месеци се вработени вкупно 10.100 лица во 6.750 компании низ земјава. Проектот се покажа како повеќе од одличен и ефективен, сметаат и надлежните и познавачите на пазарот на труд, пишува Лидер.

Многу сум задоволен од овој проект. Нашата цел е да се зголеми бројот на вработувања. Бројката расте секој ден, луѓето ги користат и доаѓаат до свое вработување, а значајно е што и компаниите добиваат многу затоа што има многу поволности за компаниите кои што вработуваат преку овој проект, изјави вчера премиерот Никола Груевски.

gruevski-kjojlija-1

Самата бројка на вработени лица покажува дека резултатите од активните мерки за вработување се повеќе од позитивни. Корисни се и за самите работодавачи, затоа што им носи материјална заштеда, а додека пак невработените лица добиваат работно место.

Со тоа се намалува стапката на невработеност, а пак компаниите имаат стимул и можност да го унапредат својот бизнис.

Мерките од проектот се разновидни

Мерките од…