„Мерките“ на Влада ќе затворат скоро 15.000 микро и мали претпријатија

56

Владата на Зоран Заев задоцни со мерките за помош на бизнис секторот и компаниите. Освен што мерките на Владата не беа навремени, тие се неправилно распределени по сектори и се нетранспарентни.

Во својот извештај „Транспаренси Интернешнл“ укажа дека владата нема механизми за заштита од крадење на парите кои стигнуваат од ММФ за справување со корона кризата. За немањето слух на Владата на Заев реагираше и невладиниот сектор кој бараше поголема транспарентност за ефектот на владините мерки.
Вредноста на бескаматните кредити од „КОВИД 1“ линијата беше 5,7 милиони евра. Вредноста на „КОВИД 2“ линијата беше 8 милиони евра. Заедно 13,7 милиони евра за вкупно 1.300 домашни компании, во најголем дел микро претпријатија. Вкупно само 13,7 милиони евра. Дали е ова доволно за власта, дали се спасија многу фирми?, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно податоци од извештајот за финансиска стабилност од Народната банка, бројот на микро претпријатија на крајот од 2019 година изнесува 34.402, а бројот на мали претпријатија изнесува 18.582. Вкупно, 52.984 микро и мали компании. Од нив, според Анкетното истражување на претпријатијата од страна на македонските организации на работодавачи, 27% пријавиле дека кризата со Ковид-19 сериозно влијае врз нивното работење и пријавиле целосно затварање на фирмите. Значи, околу 14.304 микро и мали претпријатија кажале дека ќе затворат. И сега, Владата на СДСМ се фали дека спасила 1.300 фирми, што е само 9% од оние кои рекле дека ќе затворат. За кои успешни политики говори СДСМ?! Што со останатите 91 процент?, прашуваат од партијата.

Како за споредба во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа обезбедени вкупно 350 милини евра кредити од Европската инвестициска банка за кредитирање на микро, малите и средни претпријатија, во услови на намалено кредитирање од домашните банки прво заради глобалната финансиска криза, а потоа и кризата во евро зоната. Кредитите беа дистрибуирани преку банките, со субвенционирана камата од државата. Овие кредити, спасија илјадници фирми и беа главниот тек на кредитирање и поддршка на фирмите! Во услови на длабока криза, како што е оваа, кога некои фирми уште не можат да работат и се затворени, владата на СДСМ обезбеди само 13,7 милиони евра бескаматни кредити. Воедно, од претходно одобрени средства од ЕИБ од 2018 година, кои стоеја на располагање дури во август и септември по 6/7 месеци ги повлече остатокот од 50 милиони евра кредити со ниска камата на располагање на фирмите преку банките!
Мерките на СДСМ се ненавремени и недоволни во првиот квартал од годината, кога немаше КОВИД криза, буџетскиот дефицит беше 120 милиони евра! За што и каде отидоа парите?!, посочуваат тие.

Зоран Заев и неговата Влада ја задолжија државата за нови милијарда евра за само три месеци, период во кој 40.000 луѓе без работа, а економијата отиде во минус 12,7%. Зоран Заев и Владата на СДСМ во ек на криза ја поскапија струјата за 7,4 проценти. Тоа само покажува дека криминалот и корупцијата на мафијата на власта ги јадат економијата и стандардот. Затоа изборот е или мафијата на Заев или Македонија. Народот ќе ја одбере Македонија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.