„Мермерен комбинат“ ќе ја распределува акумулираната добивка

Компанијата „Мермерен комбинат“ на акционерското собрание донесе одлука за распределба на акумулирана добивка остварена до 31-ви декември 2012-та година, се наведува во информацијата објавена на Македонска берза.

Дел од акумулираните добивки остварени до 31-ви декември 2012-та година во износ од 150 милиони 526 илјади и 256 денари се распределуваат како бруто дивиденда за обични акции во износ од 135 милиони 473 илјади 630 денари и данок на наплата на дивиденда во износ од 15 милиони 52 илјади 626 денари.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 27-ми февруари 2014-та година, а прв ден на тргување без право на дивиденда е 28-ми февруари 2014-та година.

Исплатата на дивиденда ќе започне на шести март оваа година.