Мертенс одби 5 милиони евра по сезона од Јувентус

Дрис Мертенс мина девет години во Неапол, одигра преку 300 натпревари во дресот на наполитанците, но летово го напушти стадионот „Диего Армандо Марадона“ откако му истече договорот. Слободата на Белгиецот се обиде да ја искористи големиот ривал Јувентус и да го доведе 35-годишниот напаѓач во Торино, но Мертенс и се заблагодари на „старата дама“ и ја одби понудата.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мертенс го одбил Јувентус затоа што не сакал да го „издаде“ својот поранешен клуб Наполи и фанатичните навивачи на клубот од југот на Италија, со кои имал одлични односи за помалку од една деценија помината во Наполи.

Јуве на минијатурниот Белгиец му понуди одлични услови, 5 милиони евра по сезона. но беше премалку за Мертенс да го „згази“ зборот и да премине во редовите на најголемиот ривал.

„Старата дама“ сега најверојатно повторно ќе се сврти кон Филип Костиќ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.