Месечен надоместок за уште илјада стечајци до пензионирање

Со последните измени опфатот на стечајни работници коишто ќе бидат материјално обезбедени до нивно пензионирање се проширува на уште 1.000 лица, соопштија од владината прес-служба, откако на денешната седница Собранието ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост.

Имено, со последните измени, вкупната бројка на материјално обезбедени стечајци коишто ги реши оваа Владата за две и пол години е 12.000.

Законот стапува на сила со објавувањето во Службен весник на Република Северна Македонија и ги повикуваме стечајните работници од петок да поднесуваат барања во Центрите за вработување за да може да го остварат правото на користење на месечен надометок од околу 8.000 денари, наведоа од владината прес-служба.

Посочија дека приоритет на Владата и на Министерството за труд и социјална политика е борбата против сиромаштијата и подобрување на условите за живот на секој поединец во државата

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.