Меси денеска одлучува за кого ќе потпише – ПСЖ, Барселона, Интер Мајами или Ал Хилал

Лионел Меси во следните неколку часа ќе донесе одлука во кој клуб ќе ја продолжи кариерата, одлуката на јавноста ќе и ја соопшти за неколку дена, тврди каталонски „Спорт“.

„Тој не сака неговиот трансфер во нов клуб да стане сапуница. Тој сака да го реши што поскоро и на повидок е неговата одлука“, пишуваат Каталонците кои на насловната страница на денешното издание ја пренесуваат оваа вест.

„Спорт“, тврди дека во овој момент 35. годишниот Меси има четири понуди.

Саудиски Ал Хилал му го нуди најголемиот договор во историјата, наводно 1,2 милијарди евра за две сезони.

Дејвид Бекам сака да го донесе во Интер Мајами. Овој клуб не може да му ја понуди платата која му ја нудат од Ал Хилал, но може да му понуди финансиски поволностии во договорот, односно дополнителни приходи преку вклученост во разни проекти.

Секако тука се и понудите од актуелниот клуб, ПСЖ и поранешниот, Барселона.

„Во моментов шансите се следни: Ал Хилал 40 отсто, Интер Мајами 40 отсто, Барселона 15 отсто, а најмали шанси има ПСЖ (5 отсто). Тој најмногу би сакал да се врати во Барселона, но финансиски таа понуда е најлоша“.