Меси доби нова понуда, останува во Барса?

Со солзи Лионел Меси пред два дена се збогува од Барселона, а сега од Шпанија пристигнува бомбастична вест. Каталонците сепак со сите сили се борат да го задржат Меси во тимот.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Барселона преку извршниот директор Феран Ревертера го контактирала Меси и неговиот татко за да им даде последна понуда,

Оваа вест ја јавија од “Ла Портије”. Прво како бомба одекна веста дека фудбалската ѕвезда кариерата ќе ја продолжи во нов клуб откако цела досегашна ја помина во Барса, а сега следува нова експлозија.

-Барселона испрати последна понуда до Меси, е насловот кој одекна во бројни угледни шпански медиуми.

Медиумите тврдат дека извршниот директор на клубот е главниот задолжен за „работа на чудо“ кој ќе се обиде да пронајде решение за останување на Меси на Камп Ноу.

Од друга страна пак, навивачите на ПСЖ со денови го чекаат Меси, некои дури и кампуваат пред стадионот.