Меси доби порака од 92.500 навивачи на „Камп ноу“ и цел свет ја слушна (ВИДЕО)

На „Камп ноу“ вчера се одржа финалето на првата Лига на кралевите во мал фудбал, која е во организација на Жарарт Пике. На најголемиот стадион во Европа имаше неверојатни 92.522 гледачи, а во еден момент навивачите од трибинтие почнаа да го скандираат името на Лионел Меси.

Од сите страни ечеше „Меси, Меси, Меси“, како во времето кога легендарниот фудбалер блескаше во дресот на Барселона. Меси, кој повеќе од 20 години беше дел од Барселона, во последниве две сезони е дел од тимот на Пари Сен Жермен.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а сè погласни се најавите дека Аргентинецот може да се врати во Барселона. Пораката од навивачите на „Камп ноу“ е јасна со скандирањето на нешто што со години беше препознатливо на овој стадион.