Меси доби шокантни закани по пукањето во супермаркет на семејството на неговата сопруга

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси доби застрашувачки пораки од родната Аргентина, откако ноќта меѓу вторникот и средата двајца разбојници истрелале дури 14 куршуми во продавницата во сопственост на членовите на семејството на неговата сопруга Антонела.

За среќа во инцидентот нема жртви, но за Меси се појавија непредвидени пробплеми кои воопшто не се поврзани со терените или финансиите.

„Меси, те чекаме. Јавкин (градоначалникот на Росарио – з.р.) е дилер на дрога, нема да те заштити“, му било порачано на фудбалскиот волшепбни, а засега само се претпоставува дека членовите на мафијата се обидуваат да изнуди пари од Лионел Меси.

Од друга страна, аргентонските навивачи се загрижени бидејќи се ближи репрезентативниот собир, а со тоа и враќањето на Меси во земјава првпат откако со својот народ ја прослави светската титула освоена во Катар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.