Меси е најплатениот фудбалер на светот

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси е најдобро платениот фудбалер на светот во моментов пред португалскиот играч Кристијан Роналдо, покажува рангирањето на десетте најдоброплатени играчки кое во петокот го објави францускиот спортски весник L’Equipe.

Капитенот на Барселона секој месец инкасира по 8,3 милиони евра бруто, додека ѕвездата на Јувентус заработува по 4,5 милиони евра бруто.

И Меси и Роналдо се пред бразилскиот напаѓач Нејмар кој со малку повеќе од 3 милиона евра во ПСЖ е најдобро платениот фудбалер во Франција. Неговиот клупски колега и француски репрезентативец, Килиан Мбапе не достигнува 2 милиона евра, односно зема 1,7 милиони евра и е последен десетти на оваа листа.

Пред Мбапе се наоѓаат соиграчите на Меси од Барселона, Французинот Антоан Гризман и Уругваецот Луис Суарез. Двајцата заработуваа по околу 3 милиона евра бруто месечно.

Двајцата офанзивни играчи на Реал Мадрид, Велшанецот Герет Бејл и Белгиецот Еден Азар, примаат по 2,5 милион евра месечно. Следи уште еден напаѓач, Бразилецот Филипе Кутињо, која настапува како позајмен играч на Барселона во минхенски Баерн, со примање од 2,3 милиона евра.

Меѓу десетмината најплатени фудбалери, на деветтото место, е Алексис Санчез од Манчестер Јунајтед со бруто месечна плата од околу 2,28 милиони евра,