Меси е најплатениот фудбалер во 2020-та

55

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е на првото место на листата најплатени фудбалери во 2020 година која ја објави американското економско списание Forbes.

Спроед процената на економистите на Forbes, годишната заработка на фудбалерот на Барселона изнесува 126 милион долари, а на второто место е фудбалерот на Јунветус, Португалецот Кристијано Роналдо со заработени 117 милиони долари во последната година.

На третото место е Бразилецот Најмар од француски ПСЖ, чии приходи во оваа година се проценети на 96 милион идолари, а го следи клупскиот соиграч Французинот Килиан Мпабе со заработка од 42 милиони долари.

Петтото место го зазњема Египѓанецот Мохамед Салах од англиски Ливерпул со 37 милиони долари, а меѓу десетте најплатени фудбалери се и Пол Погба од Манчестер Јунајтед со 34 милиони, Антона Гризман од Барселона со 33, Герет Бејл од Реал Мадрид со 29, Роберт Левандовски од минхенски Баерн со 28 и голманот Давид де Хеа од Манчестер Јунајтед со 27 милиони долари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.