Меси-Фати за победа на Барселона над Леванте

Во последниот натпревар од 22-то коло на шпанското фудбалско првенство, Барселона својот „Камп Ноу“ го победи Леванте со двата погодока на младиот Ансумане Фати.

Новото „чудо од дете“ на Барселона, 17-годишнипот Фати, ги доведе домашните во водство во 30 минута по фантастично прецизна долга асисетнциија на Лионел Меси, а само минута подоцна, повторно под нозете на гостинскиот голман стрелаше прецизно и повторно по асистенција на Аргентинецот. Во последните секунди од мечот Рубин Рочина го ублажи поразот на Леванте за кој македонскиот репрезентативец Барди по повредата ги одигра последните петнаесетина минути.

Барселона со 46 бодови е втора со три бода помалку зад Реал, а Леванте го претрпе и четвртиот последователен пораз и е на 13-то место со 26 бодови,

Во претходно одиграниот натпревар Севилја киксираше играјќи на домашен терен 1:1 со Депортиво Алавес. Гостите поведоа во 70 минута со голот на Жозелу, а израмни Окампос од пенал седум минути подоцна.

Вилјареал ја понеди Осасина со 3:1, а Леганес со 2:1 беше подобар од Реал Сосиедад. Еибар и Реал Бетис ремизираа 1:1, а Хетафе впиша гостинска победа кај Атлетик Билбао со 2:0.