Меси ги построи соиграчите, а Сампаоли го прашуваше дали да го внесе во игра Агуеро

Најдобриот аргентински фудбалер, Лео Меси и вчера беше постојана цел на камерите кои успеаја да забалежат два интересни моменти кои покажаа дека фудбалерот на „Барселона“ е вистински лидер кој ги влече конците на теренот и надвор од него.

По низата шпекулации по натпреварот со Хрватска дека фудбалерите побарале од селекторот Хорхе Сампаоли да даде оставка и дека само провизорно е на клупата, вчера гледачите видоа како аргентинскиот стратег го праша Меси дали да го внесе во игра Кун Агуеро, кој влезе во играа во 80. минута кога го замени Николас Таљафико.

Иако овој детал немаше да биде познат ако не беа социјалните мрежи, сите кои го гледаат преносот на телевизиските екрани можеа да видат пред почетокот на второто полувреме како Меси им држи говор на соиграчите.

Стрелецот на победоносниот гол, Рохо откри што им рече Меси и тврди дека неговиот говор го инспирирал да се вложи во победничкиот гол.

Меси дојде и ни рече да се смириме и да не бидеме под стрес. Имавме трема и таа порака ни помогна многу, мене лично многу ми ја крена самодовербата. Меси на сите ни рече дека ова е прашање на живот или смрт. Можеше да заврши лошо. Можеше да ни удри во глава, но Лео беше тврдоглав. Ми рече да трчам напред. Дури и на Маскерано. Ни рече на сите да напаѓаме без разлика на сѐ. Навистина ја прочита играта и ризиците. Вистински лидер. Најдобар, рече Рохо.