Меси ги пропушта првите натпревари во 2014 година

Репрезентативецот на Аргентина заработи незгодна повреда на првенствениот дуел против екипата на Бетис, а лекарските прегледи покажаа дека станува збор за сериозна повреда која бара мирување во следните шест до осум недели.

“Меси работи според зацртаниот план, ги завршува сите етапи од рехабилитацијата. Сите се надевавме дека ќе биде во комбинација за игра на стартот од новата година, но како што се приближува датумот за неговиот кам-бек, така на сите ни станува јасно дека Меси има потреба од подолга рехабилитација, дека има потреба од време. Јас не можам да дадам точна информација кога е биде подготвен за игра, за Барселона најважно е Меси целосно да се рехабилитира од последната повреда”, изјави Мартино.