Меси го мина Роналдо во една категорија во Лигата на шампионите

Лионел Меси беше стрелец за израмнување во 37 минута за Пари Сен Жермен во соноќешниот натпревар против израелски Макаби во Хаифа, и со тоа оствари ново рекордно постигнување во историјата на Лигата на шампионите.

Аргентинската ѕвезда за париските  „Светците“ ја игра 18-та сезона во низа во која постигнува погодок во елитното континентално натпреварување, односно клубот од Израел стана 39-от кому му ја затресол мрежата, со што  Меси стана рекордер.

Лионел Меси и Португалецот Кристијано Роналдо без израмнети во оваа категорија, мо сега Аргентинецот е број еден со дадени голови против 39 различни клубови во Лигата на шампионите