Меси го победи коронавирусот – се враќа во Париз (ФОТО)

Лионел Меси веќе утре треба да се појави на тренинг на ПСЖ, откако го победи коронавирусот во Аргентина.

Најдобриот светски фудбалер имал негативен ПЦР-тест на Ковид-19 и добил дозвола да излезе од карантин и да замине за Париз. Тој и неговото семејство беа фотографирани на аеродром во Росарио како се качуваат на авион.

Фудбалерот се зарази со Ковид-19 за време на божиќните празници поточно на 26 декември откако претходно на социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од него како ужива во дискотеки. Меси немаше никакви симптоми на болеста, но мораше да биде во карантин додека не добие негативен тест.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.