Меси и Армани ја спасија Аргентина од нов срам

Аргентина и во вториот натпревар од јужноамериканскоо фудбалско првенство Копа Америка не успеа да забележи победа, ремизирајќи 1:1 против селекцијата на Парагвај.

Парагвај поведе во 37 минута со голот на Санчез, иако Аргентина од почетокот на дуелот ја имаше доминицијата, но без изразени шанси за погодок.

Лионел Меси постигна гол во 57 минута од пенал за израмнување, но и тоа беше недоволно да се стигне до победата.

Аргентинците не само што не забележаа победа, туку и треба да бидат среќни поради ремито. бидејќи Парагвај само пет минути подоцна не реализираше пенал, откако голманот Армани го одбрани ударот од белата точка на Дерлис Гонзалез.

Аргентина во третото коло од групата ќе се сретне со Катар, меч на кој „Гаучосите“ мораат да победат за да се пласираат во следната рунда од Копа Америка.