Меси и Фабрегас купија акции во тимот на Пике

Напаѓачот на Барселона Лионел Меси и полудефанзивецот на Челзи Цеск Фабрегас купија акции од фудбалскиот клуб Андора, кој е во сопственост на одбранбениот играч на каталонците Жерар Пике.

Имињата на овие ѕвезди можат да помогнат за привлекување на дополнителни спонзори, што пак може да му обезбеди можност на клубот да добие професионален статус.

Пике ја купи ФК Андора пред неколку недели. Тој е должен да исплати дополнителни 200 илјади евра, колку што се натрупаните долгови на тимот.

Во моментов Андора учествува во петтата дивизија на шпанскиот фудбал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.