Меси и Роналдо ќе се избегнат во осминафиналето на ЛШ

19

Жрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите ќе се одржи на 16 декември, а сигурно е дека во оваа фаза нема да гледаме пресметка Меси – Роналдо, бидејќи нивните тимови Барселона и Јувентус нема да играат меѓусебно.

Шеснаесет екипи ќе бидат дистрибуирани во два шешира. Веќе е познато дека во првиот ќе бидат: ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер сити, Јувентус, Ливерпул, Барселона, Лајпциг и Валенсија.

Во вториот шешир ќе бидат: Реал, Тотенхем, Наполи, Борусија Дортмунд, Лион, Челзи и уште две екипи кои ќе бидат познати вечер.

Тимовите од првиот шешир првите натпревари ќе ги играат на гостински терен.

Датуми за првите дуели се: 18, 19, 25 и 26 февруари. Реваншите ќе се играат на 10, 11, 17 и 18 март.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.