Меси ја доби „Златната копачка“

26

Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси, денеска ја доби „Златната копачка“ за најдобар стрелец во Европа.

Аргентинецот ја заслужи наградата по рекорден петти пат по реализираните 34 погодоци (68 поени) за минатата сезона во Ла Лига.

Пред да излезе Лео на сцената, секоја од неговите претходни „Златни копачки“ беа донесени од мали деца, кои имаа можност да зборуваат за нивната љубов кон својот фудбалски идол.

– Мојот сон беше да победувам, да бидам професионалец. Не мислев дека ќе стигнам дотука. Играм во најдобриот клуб во светот, со најдобрите играчи, така што е полесно, рече 31-годишниот Аргентинец на официјалната церемонија во Барселона.

„Десетката“ на каталонците ја прокоментира и ждрепката за осминафиналето во Лигата на Шампионите, каде Барса излегува против Лион.

– Комплициран ривал, иако на хартија и по име не е меѓу најсилните. Во групата се бореше со Сити, еден од најсилните тимови во светот. Ќе биде тешко, но има време за овие натпревари, рече Меси.

Skin Delight