Меси ја преслуша и Нигерија

52

Репрезентацијата на Нигерија обезбеди пласман во 1/8 финалната рунда од Мундијалот во Бразил иако во последниот натпревар од групната фаза доживеа минимален пораз од 3:2 во дуелот против селекцијата на Аргентина.

Најзаслужен за совршениот скор на Аргентина во групната фаза – три победи од три натпревари е фудбалскиот “магионичар”, Лионел Меси, кој постигна два погодока на натпреварот, а мрежата на Нигерија ја затресе и малдиот дефанзивец, Марко Ројо.
Два погодока, но во аргентинската мрежа постигна напаѓачот на ЦСКА Москва, Ахмед Муса.

“Намерно го заменив Лионел Меси, сакав да го поштедам. Имавме водство, го контролиравме натпреварот. Меси ја прифати мојата одлука која беше договорена пред натпреварот. Аргентина игра офанзивен фудбал, ова е тим кој напаѓа во сите 90 минути. Мислам дека имаме мал проблем кога е во прашање дефанзивната линија. Дефанзивците имаа уште еден добар ден, но мора да ги елиминираме сите недостатоци, има место за напредок. Секоја грешка во 1/8 финалната рунда скапо ќе биде платена”, изјави селекторот на Аргентина, Алехандро Сабела.

Репрезентацијата на Швајцарија ќе биде противник на Аргентина во 1/8 финалната рунда, додека Нигерија за противник ја доби селекцијата на Франција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.