Меси ќе биде “како нов” за Ел Класико

Причина за тоа се информациите од лекарскиот табор кои велат дека рехабилитацијата на Меси оди побрзо од планираното и тој ќе биде подготвен и здрав на десетина дена пред големото дерби против Реал Мадрид.

Ел Класико е закажано за 22 ноември на “Сантијаго Бернабе” и Меси речиси сигурно ќе биде дел од него. Дотогаш нема да игра натпревари бидејќи пред мечот со Реал Мадрид има нова пауза поради репрезентативните настапи и во тој период на европскиот континент ќе се играат бараж-дуели за пласман на ЕУРО 2016, а на јужноамериканскиот – квалификации за СП 2018.

Според информациите од Барселона, Меси веќе се ослободил од патериците кои ги носеше минатата недела и во следната фаза од рехабилитацијата ќе работи со клупскиот физиотерапевт Рожер Жиронес.