Меси конечно го потпиша договорот со Барселона

Аргентинскиот фудбалски ас Лионел Меси конечно го потпиша својот нов договор со која се врзува за Барселона до 2012 година, објави каталонскиот клуб на своите интернет страници.

Овој нов договор бил извршен на 5-ти јули, а го потпишал Хорхе Меси, татко на фудбалерот и воедно негов агент.

Меѓутоа, како што минуваше времето се чинеше дека петкратниот освојувач на Златната топка с уште не го потпишал договорот што предизвикуваше вознемиреност меѓу „социос“-ите, навивачите акционери на Барселона.

„Барселона и Лео Меси потпишаа утрово нов договор според кој тој во клубот останува до 30-ти јуни 2021 година. Отштетната клаузула е одредена на 700 милиони евра“, објави Барса во соопштението.

Со овој нов договор, Меси, којшто ѝ се приклучи на Барселона на тинејџерска возраст и од тогаш целата своја играчка кариера ја гради во нејзиниот дрес, ќе остане во каталонскиот клуб додека не наполни 34 години.

Како најдобар стрелец во историјата на Барселона постигнал 523 голови на 602 натпревари и, меѓу другото, со клубот освои четири шампионски титули во Лигата на шампионите и осум титули првак на Шпанија.